вторник, 5 март 2024

Уникатна шарена зграда предизвикува контроверзи во Шведска

Градбата со име „Тинг-1“ во Ернскелдсвик е една од најуникатните станбени згради во Шведска, но ја доби и титулата за „најгрда“ во тоа подрачје. И тоа, не само поради боите и уникатната архитектура, туку и поради начинот на којшто е изградена.

Објавено на

часот

Сподели

Фамозната „Tingshuset“ (Судска куќа) во центарот на градот е бетонска зграда од 1967 година. Изградена во дворот на Судската палата, таа се протега по целата ширина над судската палата, но така што двете згради не се допираат никаде. Од сите страни на фасадата „стрчат“ занимливи стаклени балкони – вкупно 78, а внатре има 51 стан. Темата на смели и топли бои е инспирирана од делата на шведскиот уметник Бенгт Линдстром.

Околните жители ова здание на шега го нарекуваат „Лего-куќа“, а во поново време дури и – „коронавирус“. Тоа пак, предизвикува и пофалби, и критики, и контроверзии.

Градбата беше финалист за наградата шведска зграда на годината во 2014 година и го освои одличјето „Голема плочка“. Дизајнот на зградата е потпишан од познатиот шведски архитект Јерт Вингорд. Како и скоро за сѐ друго на светов, има различни мислења. Така, покрај коментарите дека „ова е извонредна зграда“, оваа градба е означена како „најгрдата зграда во провинцијата Ангерманланд“ во истражување од 2016 година, а беше критички осветлена од движењето „Аркитектупрорет“ (‘Arkitektuproret’ – ‘Архитектонско востание’), коешто се бори против модернизмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ