„Ако УНРВА не биде во состојба да дејствува веројатно ќе настане колапс на хуманитарниот систем во Појасот Газа. Значи, ненадејната одлука како оваа значи дека е најден нов начин за убивање деца“, порача портпаролот на УНИЦЕФ, а пренесува Ројтерс.
Од УНРВА е соопштено дека ваквата одлука на Израел може да доведе до смрт на голем број луѓе и деца, а ако биде целосно спроведена, претставува облик на колективно казнување за сите жители на окупираната палестинска енклава.
Директорката на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) Еми Поп изјави денес дека таа агенција е спремна да ја засили поддршката на луѓето кои се наоѓаат во кризна ситуација, но истакна дека не може да ја замени УНРВА во Газа.
„УНРВА им е апсолутно неопходна на луѓето во Газа, и не сакам некој да помисли дека ИОМ може да ја игра таа улога, бидејќи не можеме, но можеме да им пружиме поддршка на оние кои се во моментов во криза“, кажа генералната директорка на ИОМ.
Таа додаде дека тоа е улогата која ИОМ сака да ја има и која ќе ја засили со помош на различни актери.
Израелскиот парламент синоќа изгласа закон кој ја забранува работата на УНРВА во Појасот Газа и на Западниот брег.