сабота, 27 јули 2024

УНИЦЕФ ќе работи на враќање на довербата во вакцинацијата во Македонија

УНИЦЕФ ја изрази својата подготвеност да продолжи со поддршка за зајакнување на здравствениот систем и спроведување комуникациски активности, за да се врати довербата во здравствениот систем и вакцините, било кажано на денешната средба на министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани.

Објавено на

часот

Сподели

Демири ги информирал претставниците од УНИЦЕФ за моменталната состојба со епидемијата на голема кашлица во градот Скопје, како и за донесените препораки со цел сузбивање на епидемијата.

„На средбата, беше искажана загриженоста во однос на нискиот опфат на вакцинација против голема кашлица, а исто така се дискутираше и за вакцинирањето со другите вакцини од задолжителниот Календар на имунизација. УНИЦЕФ ја изрази својата подготвеност да продолжи со поддршка за зајакнување на здравствениот систем и спроведување комуникациски активности, за да се врати довербата во здравствениот систем и вакцините. Во тој контекст, значајно е и воведување систем за управување со дезинформации и погрешни информации во врска со вакцините и процесот на вакцинација во Министерството за здравство“, се појаснува во соопштението на Министерството за здравство (МЗ).

Демири и ДиЏовани разговарале и за годишниот План за соработка за 2024 година во делот на имплементација на Перинаталниот мастер план, Педијатрискиот мастер план, како и за другите компоненти од здравствениот систем, со фокус на мајки и деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ