недела, 29 декември 2024

УНИ банка успешно го организираше и третиот тениски турнир

Објавено на

часот

Сподели

Годинава турнирот ѝ се приклучува на прославата на 30-тиот роденден на банката.

Преку градење релации со клиентите и вреднување на нивната лојалност, УНИ банка ја оствари целта и ја оправда укажаната доверба што му даде посебен печат на јубилејот.

Врската која ја градиме со своите клиенти особено е зацврстена, а тоа допринесува да бидеме современа и динамична банка, која вложува во квалитетот на производот, брзината на услугата и во развојот на вработените“, изјавија од банката.

д

Пред бројната публика настапија аматери, рекреативци, партнери, клиенти и вработени во банката. Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.
Турнирот имаше натпреварувачки карактер, а беа присутни повеќе од 200 клиенти кои го следеа и финалниот меч по што беа доделени и главните награди – инвестициско злато.  Покрај тенис и награди за возрасните, и годинава УНИ банка им овозможи и на најмладите да се забавуваат, да добијат бесплатен час по тенис.

д
Меѓу жените втора година по ред најдобар успех покажа Моника Бориќ. Таа ја совлада Ана Балевска и ја понесе првата награда – инвестициско злато од 5 гр. Финалистката Балевска се закити со награда инвестициско злато од 2 гр.
Машкото финале се повтори од минатата година. Во конкуренција од 34 наптреварувачи со инвестициско злато од 5 гр се закити Петар Трајковски, кој успеа да го совлада Робертино Николовски, кој освои инвестициско злато од 2 гр.
                                                                                                                                 Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ