сабота, 27 јули 2024

УНИ банка со јубилеј: 30 години исполнети со доверба, иновации и поддршка

УНИ банка Скопје прослави јубилеј 30 години од своето работење. Огромен број гости, соработници и клиенти, претставници од финансиските институции во земјава, како и вработените на банката, можеа да уживаат во одличната атмосфера и забава, која беше организирана во хотел Хилтон.

Објавено на

часот

Сподели

Гостите уживаа во музичките изведби на Гудачкото трио, а атмосферата дополнително ја загреа младата и талентираната Ана Петан со нејзиниот бенд, со што УНИ банка покажа дека е поддржувач на македонската култура, и дека општествената одговорност е важен сегмент од нејзиното работење.

Јубилејниот настан беше и прилика на тројца  вработени кои работат во банката 30 години, за лојалноста и трудот да им се оддаде признание со доделување на плакети и златни монети.

Милка Тодорова, извршен директор и претседател на Управен одбор на УНИ банка, во рече дека благодарение на Уни банка многу деловни субјекти го унапредиле својот бизнис.

„Пред 30 години УНИ банка Скопје го прифати предизвикот да биде иновативна и модерна банка. 30 годишното насобрано искуство и знаење, изградената доверба, континуитетот во воведување банкарски иновации се причина денес УНИ банка да се перцепира како сигурна, динамична и иновативна банка, препознатлива по своите современи банкарски производи креирани според потребите на клиентите“, изјави Тодорова во своето обраќање.

у

Таа истакна дека со помош на УНИ банка многу деловни субјекти го унапредија својот бизниз и реализираа инвестиции, а бројни индивидуални корисници ги остварија своите соништа. За неа УНИ банка е многу повеќе од само банка, пред се партнер и консултант на своите клиенти, поддржувач на бројни општествено одговорни проекти, лидер во воведувањето дигитални решенија и електронско банкарство, придонесувајќи во зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците во работењето на клиентите. „2023 е рекордна година за нас, што е потврда за високата доверба која банката ја ужива, како и за правилната стратегија”, рече Тодорова.

УНИБанка е единствена банка на македонскиот пазар која прави увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, и која како резултат на тоа го има епитетот The bank of gold”.

Изминатите 30 години УНИБанка успеа да даде значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на бизнисите и креирање на нови работни места. Дигитализацијата и иновациите, како и општествено одговорното работење и негувањето вистински вредности и тоа и во иднина ќе остане приоритет во работењето на банката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ