среда, 29 мај 2024

УНИ банка активираше фотоволтаична централа на управната зграда

УНИ банка АД Скопје во рамките на политиката за одржливо работење, а со цел позитивно влијание врз животната средина презема иницијативи од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Објавено на

часот

Сподели

Во тој правец, на својата управна зграда постави фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори, со што се придонесува кон намалување на штетните емисии во воздухот и преку тоа кон заштита на животната средина. Потребите за електрична енергија ќе ги задоволи преку сопствено производство. Оваа долгорочна инвестиција на нанката, како општествено одговорна компанија, обезбедува одржливи придобивки за целата заедница.

Поставената фотоволтаичната централа вклучува 80 соларни панели и 2 инвертори, има вкупна инсталирана моќност од 43,6 KWp, а очекуваното годишно производство е 53.000 KWh. Со инвестицијата се очекува намалување на емисијата на штетни гасови CO2 за околу 24.000 кг на годишно ниво и заштеда на електрична енергија во следните 20 години.

„Уште од нашите почетоци пред 30 години УНИ банка има јасна определба да се грижи за заедницата, а заштитата на животната средина отсекогаш била наш приоритет. Чистата животна средина е поврзана со секој аспект на нашето живеење, а долгорочно гледано и со нашиот опстанок. Развојот на инцијативи поврзани со инвестициите во обновливи извори на енергија има долгорочен ефект врз животната средина. Со оваа инвестиција покажуваме имплементација на ESG принципите, кои заземаат клучен дел во нашата деловна стратегија. Остануваме да делуваме и понатаму како посветена општествено одговорна финансиска институција, истовремено поттикнувајќи ја и останатата бизнис заедница во преземање на чекори за обезбедување зелена иднина“, изјави Делчо Крастев, извршен директор на УНИ банка АД Скопје

Во рамки на стратегијата за одржливост на УНИ банка, возниот парк на банката е проширен со хибридни возила, спроведени се обуки за вработените во делот на ESG сегментот, а во делот на уредување  на експозитурите се користат енергетско ефикасни решенија кои истовремено придонесуваат и за подобрување на работната атмосфера. УНИ банка продолжува да се залага за обезбедување на почиста и поздрава околина, подигнување на свеста на вработените и околината за важноста од употребата на одржливи енергетски решенија.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ