среда, 18 декември 2024

УНХЦР: Се очекува враќање на околу милион сириски бегалци во првата половина на 2025 година

Директорката на Агенцијата на Обединетите нации за беглаци (УНХЦР) за Блискиот Исток Рема Џамус Имејсис, кажа дека таа организација очекува околу милион сириски бегалци да се вратат во својата земја во првите шест месеци на 2025 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа побара од земјите да не почнуваат процеси на присилни депортации на бегалците назад во Сирија, пренесува Ројтерс.

„Се надеваме дека околу милион Сиријци ќе се вратат меѓу јануари и јуни следната година, така што овој план го споделивме со донаторите, барајќи нивна поддршка“, кажа Џамус Имејсис.

Таа кажа дека илјадници луѓе избегале од Сирија овој месец откако џихадистите ја преземаа власта од режимот на претседателот Башар ал Асад, додека илјадници други се вратиле во земјата главно од Турција, Либан и Јордан.

Повеќе европски земји минатата недела јавија дека го прекинуваат процесот на издавање азил, а дека депортацијата на Сиријците ќе почне кога состојбата во таа земја ќе се стабилизира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ