сабота, 27 јули 2024

Унгарскиот парламент не гласаше за членство на Шведска во НАТО

Унгарскиот парламент не можеше денес да гласа на итната седница за ратификација на договорот за членство на Шведска во НАТО поради недостиг од кворум, соопшти потпретседателот на парламентот Шандор Лежак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан и нивните сојузници решија да не се појават на седницата, поради што беше оневозможено гласање за членство на Шведска во западниот воен пакт, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

Во салата имало само 51 пратеник од вкупно 199 пратеници, а дека нема да учествува во гласањето владејачката коалиција на Фидес и Христијанско-демократската народна партија соопшти на 2 февруари, кажувајќи дека чека прво да се одржи состанокот на Орбан со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

По позитивното гласање на Турција, Унгарија останува единствената земја членка на НАТО која не го ратификувала барањето на Шведска за членство во Северноатлантската алијанса.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го покани шведскиот колега Улф Кристерсон во Будимпешта да разговараат за тоа прашање. Орбан кажа дека унгарската влада го поддржува влегувањето на Шведска во НАТО, но дека пратениците не сакаат да го ратификуваат поради тоа што шведските власти шират бесрамни лаги за Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изрази надеж дека посетата ќе помогне во изградбата на доверба меѓу унгарскиот парламент и шведските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ