сабота, 27 јули 2024

Унгарски специјалец ја демне Шерон Стоун и тврди дека биле верени и имале син

Шандор Борош, ветеран на специјалните сили на унгарската армија кој живее во Лондон, тврди дека со познатата актерка Шерон Стоун биле верени и имал син Џејсон. Во последните две години тој опсесивно ја демне 64-годишната актерка и се обидува да стапи во контакт со неа, пишува Дејли Мејл.

Објавено на

часот

Сподели

Според зборовите на Унгарецот, тие во 80-тите години биле во врска и добиле син, но Шандор вели дека момчето мистериозно починало неколку месеци по раѓањето. Последен пат ја контактирал Шерон на 15 октомври, кога и напишал дека се обидува да ја дознае нејзината адреса и дека ги нашол членовите на нејзиното семејство и ги прашал за неа.

Според Пол Бареси, приватниот детектив на семејството на славната актерка, мажот што ја демне е „опседнат и ментално болен“ и бил фатен на камера пред домот на 62-годишната сестра на Шерон Кели во мај оваа година.

Семејството на актерката живее во страв и во паника откако Борош почнал да ги демне, вели приватниот детектив.

Во рок од 72 часа откако семејството го ангажирало Бареси, тој го следел човекот до аеродромот во Лондон, каде што требало да се качи на лет за Унгарија.

„Тој е неуморен. Ја демне во последните две години. Во последно време се појавува прво кај нејзината мајка, потоа кај нејзиниот брат, па кај нејзината сестра. Тоа било нешто планирано, тој имал мисија. Ова ја зголеми загриженоста на Шерон Стоун и на нејзината мајка, која има 90 години, како и нејзините брат и сестра. Сите беа цел на Борош. Неговата агресија и страсна желба за неа уште повеќе се засили“, вели Бареси.

Дејли мејл го објави и електронската порака што Борош и ја испратил на Шерон Стоун.

„Од 1987 година Шерон беше моја свршеница и во 1988 година имавме момче на кое му го дадовме името Џејсон Стоун. Имаше неколку месеци кога загина во несреќа. Сакам да разговарам со Шерон за овој случај”, тврди Унгарецот.

Тој исто така опишува како стигнал до куќата на Кели, сестрата на Шерон.

„За жал, чуварот на вратата не знаеше кој сум. Тој не сакаше да ја повика Кели да разговарам со неа. Можеби мислеше дека сум некој криминалец. Тогаш немав друга опција освен да одам кај братот на Шерон, Мајкл. Ми ја отвори вратата и се обидов да му ја објаснам мојата ситуација. Ја побарав адресата на Шерон во Лос Анџелес за да можам да разговарам со неа. Беше груб. Кога прашав за Шерон, Мајкл сакаше да повика полиција. И тој мислеше дека сум криминалец“, стои во остатокот од пораката.

Приватен детектив го пронашол телефонскиот број на Борош и му се јавил. За време на разговорот, Бареси го прашал човекот дали има фотографии од Шерон или нејзини писма. Борош рекол дека нема, но бил категоричен дека не лаже. Потоа му кажал дека неговиот син е роден и убиен во 1986 година.

„Таа беше моја свршеница. Не лажам. Се обидувам да контактирам со нив бидејќи навистина сум очаен да го најдам мојот син. И треба да разговарам со Шерон. Имавме син. Тој беше убиен во 1986 година. Не се шегувам, навистина сум сериозен. Немам никаква посмртница, ништо, па чуден е случајот, но сигурен сум дека знаат сѐ, знаат сѐ што не сакаат да ми кажат“, тврдел Унгарецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ