сабота, 21 декември 2024

Унгарски опозиционер му се нафрли на Орбан во Европскиот парламент (ВИДЕО)

Член на унгарската Демократска коалиција Мартин Џекиќки му се нафрли вчера на унгарскиот премиер Виктор Орбан, за време на конференција за медиумите во Европскиот парламент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимката објавена од Кориере дела сера се гледа маж, кого обезбедувањето го крева од подот, а тој вика на унгарскиот премиер.

Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совладало Џекиќки и го турнало на подот, по што тој бил изведен од просторијата.

„За колку ја предадовте државата, премиере?“, го прашал Џекиќки Орбан додека телохранителите го исфрлале од салата.

Орбан по инцидентот искоментира дека „унгарскиот е директен јазик, а дека комуникацијата умее да биде груба“.

„Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се сложувам со вас““, кажа Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ