петок, 13 декември 2024

Унгарската претседателка Каталин Новак поднесе оставка

Унгарската претседателка Каталин Новак денеска поднесе оставка, откако помилувала маж осуден за прикривање злосторства извршени од сексуален насилник во дом за деца, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 1.000 луѓе се собраа денеска во Будимпешта, барајќи оставка од Новак, близок соработник на премиерот Виктор Орбан, објави бриселскиот портал Политико.

Унгарските опозициски партии ја поминаа неделата повикувајќи на смена на Новак, како и Јудит Варга, поранешната министерка за правда која го потпиша помилувањето и се очекува да ја предводи листата на владејачката партија Фидес за овогодинешните избори за Европскиот парламент.

Иако беше добро познато дека Новак помилува околу 20 лица пред посетата на папата Франциско на Унгарија во април 2023 година, неодамна беше откриено дека едно од лицата кое ја искористило оваа мерка е заменик-директор на дом за деца, осуден за прикривање на сексуален престапник кој малтретирал деца во таа институција.

Новак оваа недела призна дека помилувањата предизвикале поделби, но инсистираше дека „никогаш не би помилувала педофил“.

Во обид да го смири гневот на народот поради случајот, партијата Фидес на Орбан во четвртокот поднесе уставен амандман со кој се забранува идните помилувања да имаат корист на кој било начин на лицата осудени за злосторства против деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ