Зборувајќи на прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи Сијарто предупреди дека членството на Украина може економски и безбедносно да ја поткопа ЕУ. Тој ја отфрли идејата дека Украина е подобро подготвена за членство од земјите на Балканот, нарекувајќи ги таквите тврдења „обични бесмислици“.
Сијарто истакна дека Унгарија останува еден од најсилните заговорници на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан, истакнувајќи дека интеграцијата на регионот би ги зајакнала стабилноста, веродостојноста и иднината на ЕУ.
„Идната веродостојност на ЕУ зависи од тоа дали можеме конечно да го исполниме ветувањето за проширување на нашите најблиски соседи“, кажа тој, истакнувајќи дека некои балкански земји со децении чекаат иако ги исполнуваат клучните услови.
Шесте земји на Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово се во различни фази на процесот на пристапување во Европската Унија.
Црна Гора и Србија во моментов се во официјални преговори. Албанија и Македонија ги почнаа преговорите во 2022 година. Босна и Херцеговина доби статус на кандидат во 2022, но уште ги нема отворено преговорите. Косово потпиша Договор за стабилизација и асоцијација., но сè уште чека кандидатски статус.
Сијарто укажа и на двојните стандарди на Брисел. Тој истакна дека некои држави ги блокираат пристапните преговори на Македонија и не добиваат критики, за разлика од Унгарија, која е мета на критики секогаш кога ги брани правата на етничките Унгарци во украинскиот регион Закарпатје.