Државниот секретар Левенте Маѓар го поддржа Додик пред новинарите, опишувајќи го како жртва на политички монтиран процес. „Денес сме тука за да му ја покажеме поддршката на Додик против кого се води политичка хајка“, кажа Маѓар по состанокот со претседателот на Република Српска.
Тој во првостепената постапка е осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, кој Република Српска не го признава.
Маѓар истакна дека Западот ја третира Босна и Херцеговина како своја покраина каде може да прави што сака. Тој го обвини Западот дека ја поддржува суровата војна во Украина, истакнувајќи дека со своите постапки сакаат истото да го направат на Балканот, а не ја разбираат историјата на овој дел на Европа.
Притоа направи историска споредба со атентатот на принцот Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, истакнувајќи го како оправдан чин на бунт против политиката која тогаш ја водела Австро-Унгарија. „Тоа што Западот им го прави на Србите во Бих не е во ред. Србите тоа не би требало да го трпат“, заклучи Маѓар.