сабота, 27 јули 2024

Унгарија реагираше на изјавата на Бајден дека Орбан сака диктатура

Унгарија го повика американскиот амбасадор во знак на протест поради коментарите на предизборната кампања на претседателот Џо Бајден дека премиерот Виктор Орбан бара диктатура, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто на денешниот брифинг со новинарите. Орбан отворено ја поддржа кандидатурата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Белата куќа, а неговата влада често е во судир со администрацијата на Бајден, меѓу другото и околу блиските врски на Унгарија со Русија.

Објавено на

часот

Сподели

Орбан отворено ја поддржа кандидатурата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Белета куќа, а неговата влада често е во судир со администрацијата на Бајден, вклучувајќи ги и блиските врски на Унгарија со Русија.

Орбан минатата недела се сретна со Трамп на Флорида и го пофали како единствен претседателски кандидат кој би можел да ја прекине војната во Украина. по нивниот состанок, Бајден за време на митинг во рамки на кампањата кажа дека Орбан „јасно изјавил дека не мисли дека демократијата функционира и дека сака диктатура“, пренесоа американските медиуми.

Унгарскиот министер за надворешни работи за изјавата на Бајден кажа дека е „лага и многу сериозна навреда“. „Ваквиот начин на размислување на претседателот и демократската администрација е тежок товар за нашите билатерални односи“, кажа Сијарто одговарајќи на новинарско прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ