четврток, 17 октомври 2024

Унгарија потврди дека преговара со Русија за поголеми испораки гас

Унгарија преговара со руски Газпром за поголеми испораки на гас во следната година, кажа министерот за надворешни работи Петер Сијарто за руската новинска агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе потпишавме дополнителен договор за последниот квартал оваа година, кој покрива поголеми испораки по конкурентна цена, а во моментов преговараме за договорот за следната година“, кажа Сијарто.

Газпром минатата недела соопшти дека со Унгарија потпишал меморандум за можно зголемување на испораките, не наведувајќи детали. Сијарто за РИА кажа дека меморандумот вклучува клаузула за дополнителни договори кои предвидуваат долгорочни договори, со гарантирани конкурентни цени.

Минатата недела Унгарија и Газпром потпишаа договор кој би требало целосно да ги искористи капацитетите на гасоводот Турски тек и на Унгарија, според шефот на дипломатијата, овозможува купување на поголеми количества гас „по сите комерцијални договори“.

Унгарија нема „атрактивна алтернатива“ на рускиот гас, кажа Сијарто минатата недела, истакнувајќи дека гасоводот Турски тек ќе обезбеди непречен снабдување и по истекот на договорот за транзит меѓу Украина и Русија.

Руско-украинскиот договор истекува на крајот на оваа година и отвора прашања за снабдување со гас пред сè на земјите во централна Европа кои немаат излез на море, како Австрија, Унгарија, Словачка и Чешка.

Прекинот на транзитот не претставува ризик за нивното снабдување „во непосредна иднина“, смета Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), истакнувајќи дека имаат полни складишта, поврзана гасна инфраструктура и „индиректен“ пристап до светскиот пазар на течен природен гас (ЛНГ), без да ја наведе разликата во цените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ