Прекинот на транзитот не претставува ризик за нивното снабдување „во непосредна иднина“, оцени Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), истакнувајќи ги нивните полни складишта, поврзаноста на гасната инфраструктура и „индиректниот“ пристап до светскиот пазар на течен природен гас (ЛНГ).
И Сијарто денес на Меѓународниот гасен форум во Санкт Петербург кажа дека прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина нема да ѝ наштети на Унгарија, потсетувајќи дека добиваат гас преку Турски тек.
Гасоводот со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри директно ги поврзува руските гасни резервоари со турската транспортна мрежа, преку Црно Море. Рускиот гас минува потоа преку Турција, Бугарија и Србија и стигнува до Унгарија.
Минатата година на Унгарија ѝ се испорачани 5,6 милијарди кубни метри гас, што е околу 65 отсто од нејзината годишна потрошувачка, кажа Сијарто во мај. „Оваа година во Унгарија од Газпром ќе добиеме вкупно 6,7 милијарди кубни метри гас. Со тоа капацитетот на Турски тек ќе биде искористен во целост“, кажа унгарскиот министер.
Тој истакна дека Турски тек може да им помогне и на другите централноевропски земји.
„Таа алтернативна рута може да им помогне и на другите земји од централна Европа да се снабдат со гас ако се најдат во неволја поради прекинот на транзитот преку Унгарија“, објасни Сијарто.
Унгарија е задоволна од соработката со руски Газпром и нема атрактивна алтернатива, истакна шефот на унгарската дипломатија, додавајќи дека денес планира да потпише анекс на гасниот договор со Газпром.