сабота, 27 јули 2024

Унгарија нема да ги менува ЛГБТ и миграциските закони за ЕУ фондови

Унгарија нема да ги исполни барањата на Европската Унија да ги смени контроверзните закони за барателите на азил и ограничување на ЛГБТ содржините, кажа висок претставник на владата. Поради тоа е мала веројатноста дека Будимпешта ќе може да го искористи остатокот од средствата кои Брисел ѝ ги блокираше, пренесува Блумберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двата закони се во „црвените линии“ кои Унгарија нема да ги премине за да дојде до парите од ЕУ, им кажа на новинарите советникот на унгарскиот премиер Гергељ Гуљаш.

ЕУ на Унгарија во декември ѝ ослободи 10,2 милијарди евра, околу третина од блокираните средства, откако беше проценето дека владата на премиерот Виктор Орбан ги исполнила критериумите на Европската комисија за јакнење на независноста на правосудството.

Остатокот од средствата ќе биде ослободен само ако кабинетот на Орбан ги исполните сите останати критериуми, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен во средата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ