понеделник, 6 јануари 2025

Унгарија не е поканета на примопредавањето на претседателството со ЕУ во Полска

Полска одлучи на настанот со кој се означува почетокот на нејзиното претседателство со Советот на Европската Унија да не го покани унгарскиот амбасадор, како ни премиерот Виктор Орбан, и така да ја „казни“ Унгарија поради тоа што му даде азил на поранешниот заменик министер Марчин Романовски, кој е под истрага поради наводна злоупотреба на јавни средства, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога пред околу еден месец каневме гости на нашата свеченост, го поканивме целиот дипломатски кор. Но по ситуацијата со Романовски, министерот за надворешни работи одлучи дека унгарскиот амбасадор не е посакуван гостин“, кажа заменичката министерка за европски прашања на Полска Магдалена Собковјак Чарнецка.

Се чини дека ова не е единствената причина, бидејќи Чарнецка укажа и на „непримерното однесување“ на унгарскиот премиер за време на претседавањето на неговата земја со ЕУ.

„Орбан, заминувајќи во Москва, на сите им покажа како не треба да изгледа претседавањето, бидејќи не само што отиде во Москва, не се консултираше со Европската комисија, а кажа дека ја претставува целата ЕУ – претседавачот не е одговорен за надворешната политика“, забележа Собковјак Чарнецка.

Варшава гневно реагираше кога Унгарија минатиот месец му даде политички азил на Марчин Романовски, поранешниот полски заменик министер за правда кој беше уапсен минатиот јули во рамки на истрага за злоупотреба на јавни средства.

Романовски набрзо беше пуштен на слобода, откако претседателот на Европскиот парламент за човекови права кажа дека има имунитет како член на тоа тело. Поранешниот полски министер ги негира обвиненијата на своја сметка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ