сабота, 27 јули 2024

Унгарија ќе гласа против резолуцијата за Сребреница

Унгарија ќе гласа против резолуцијата за Сребреница, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто во Будимпешта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој оцени дека средство за смирување на тензиите е придружување на Балканот во Европската Унија.

„Сведоци сме дека одлуките на ЕУ не доведуваат до смирување на ситуацијата туку до зголемување на тензиите на Западен Балкан. Сметаме дека меѓународните политички фактори треба да го завршат своето дејствување во БиХ, и да престанат со заканите со санкции и со мешањето во внатрешните работи на Босна и Херцеговина“, порача Сијарто.

Тој истакна дека со лидерот на босанските Срби Милорад Додик разговарал за надворешната трговија и општата соработка.

„Мирот на Балканот е од суштинско значење за стабилноста на цела Европа. Унгарија планира да направи сè за да придонесе на стабилноста и мирот на Западен Балкан и во Европа“, кажа Сијарто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ