сабота, 27 јули 2024

Унгарија ја победи Словенија и го освои петтото место на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Унгарија го направи својот најголем успех досега откако со 23-22 ја совлада Словенија и го освои петтото место на Европското првенство во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, Словенците имаа водство во поголем дел од мечот. По првите 30 минути тие водеа со 13-12. Винишот од дуелот имаа предност од 22-20, но во завршните минути Унгарија направи серија од 3-0 и дојде до победа од 23-22.

Лекаи и Банхиди со по пет гола беа најефикасни кај Унгарија, за Словенија Влах, Благотиншек и Зарабец постигнаа по четири погодоци.

На програмата денеска се и полуфиналните натпревари, Франција – Шведска и Германија – Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ