Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, Словенците имаа водство во поголем дел од мечот. По првите 30 минути тие водеа со 13-12. Винишот од дуелот имаа предност од 22-20, но во завршните минути Унгарија направи серија од 3-0 и дојде до победа од 23-22.
Лекаи и Банхиди со по пет гола беа најефикасни кај Унгарија, за Словенија Влах, Благотиншек и Зарабец постигнаа по четири погодоци.
На програмата денеска се и полуфиналните натпревари, Франција – Шведска и Германија – Данска.