„Имајќи предвид дека цената на горивата во Унгарија е најниска во Европската Унија, покрај границите процвета „бензинскиот туризам“, па ни се заканува недостиг“, кажа Гергели Гулјаш.
„Странците го искористуваат фактот што Унгарија е во состојба да ја задржи цената на горивата на 480 форинти (околу 1,20 евра), а по Европа е од 700 до 900 форинти (од 1,80 до 2,30 евра)“, кажа тој на конференција за медиумите.
За да се спречат тие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар.
„Останатите ќе ја плаќаат пазарната цена“, додаде Гулјаш.