понеделник, 30 декември 2024

Унгарија е против напади длабоко во територијата на Русија, расте ризикот од ескалација

Испораките на оружје на Украина од западните земји не го приближија мирното решавање на конфликтот, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако сакаме да бидеме искрени кон себе, мораме да признаеме дека она што до денес е направено не успеа. Испораките на оружје на ниеден начин не помогнаа војната да се приближи кон крај“, оцени Сијарто на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој додаде дека Унгарија е спремна да учествува во сите глобални иницијативи кои ја промовираат идејата на мирот и изрази надеж дека средбите на високо ниво во ОН ќе го приближат регионот на централна и источна Европа до мирно решавање на конфликтот.

Според него, глобалната безбедносна ситуација во моментов е најлоша од крајот на Втората светска војна, а во врска со тоа лидерите собрани на Генералното собрание на ОН мора да се сетат зошто оваа организација е формирана.

Унгарскиот министер за надворешни работи истакна дека Будимпешта е против тоа на Киев да му се дозволи да изведува напади длабоко во територијата на Русија, бидејќи ќе го зголеми ризикот од ескалација.

Тој додаде и дека Будимпешта ги смета за бесмислени заканите на Западот со наводни планови на Русија да го нападне НАТО.

„Која е целта напад на која било држава членка на НАТО? НАТО има свој договор, во кој постои членот 5 кој јасно вели дека ако дојде до напад на членка, тоа ќе се смета за напад на сите. Значи, кој и да го нападне НАТО, ќе мора да се соочи со цело НАТО. Зошто Русија би сакала да влезе во конфликт?“, додаде Сијарто.

Сијарто ги повика сите оние кои зборуваа за такви закани од Русија „само логично да размислат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ