петок, 18 октомври 2024

Унгарија е однапред пресметан пораз за ватерполистите

Објавено на

часот

Сподели

Унгарците се апсолутни фаворити на мечот, кој почнува во 13 часот во базенот „Питер Ванден Хогебанд“, и ова е меч од кој поразот е однапред пресметан. Играчите на овој дуел, ќе се обидат да го намачат големиот фаворит и да ја вратат самодовербата помалку загубена во дуелот со јужниот сосед Грција.

Поразот од Грција и слабата игра ја разочараа македонската јавност, па сега ватерполистите ќе се обидат со далеку попожртвувани настапи да го вратат расположението и да останат на курсот за пласман во квалификациите за ЛОИ во Лондон.

Покрај нашиот дуел денеска во третото коло се играат и дуелите Грција – Турција (14.30 часот) и Италија – Холандија (19 часот) од нашата А-група, односно мечевите Германија – Шпанија (16 ч.), дербито Хрватска – Србија (17.30 ч.) и Романија – Црна Гора (20.30 ч.).

На табелата во нашата група, Унгарија и Грција имаат максимални шест бода, следува Македонија и Италија со по три, а Холандија и Турција се без бодови. Во Б-групата, Хрватска и Србија имаат по 6 бода, Црна Гора и Шпанија по три, а Романија и Германија се без бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ