-За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание, објави Министерството за образование и наука.
Повеќе информации за критериумите за поднесувањето предлози за јубилеј на личност/настан се достапни на линкот: https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391504_eng.
Во повикот објавен на веб-страницата на МОН е дпостапен форумулар кој пополнет треба да се достави во електронска форма до- [email protected] најдоцна до 2 декември 2024.
„Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија по добиените предлози ќе изврши дефинитивна селекција на два предлога за јубилеи и ќе ги достави до УНЕСКО. Предност ќе им се даде на предлози кои промовираат родова рамноправност“, се наведува во повикот што го објави МОН.