вторник, 22 октомври 2024

Унапредување на соработката – тема на средбата на Муцунски со грчката амбасадорка

Заемниот интерес и посветеноста за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации, беа дел од темите на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со амбасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот“, соопшти МНР од средбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ