сабота, 27 јули 2024

Умре „Чендлер Бинг“ од Пријатели

Ѕвездата на „Пријатели“, актерот Метју Пери е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес саботата попладне. Имаше 54 години.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од американските таблоиди, неговото тело било пронајдено во џакузи. На лице место не биле пронајдени наркотици и според извори на Ти-ем-зи, најверојатно станува збор за срцев удар.

Истрагата е во тек.

Засега нема официјални податоци од полицијата или неговото семејство.

Пери ѝ беше миленик на публиката во улогата на Чендлер.

Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен прес-секретар на канадскиот премиер Пјер Трудо.

Не беше женет и немаше деца. Беше зависен од алкохол и дрога и често пати одеше на рехабилитација. За неговата долгогодишна битка со зависностите напиша и мемоари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ