сабота, 27 јули 2024

Уметник продава слика за лекување на 34 годишна тетовка, во Тетово и други настани за донирање пари

Ликовниот уметник Славчо Максимовски ја продава сликата „Љубов и надеж“ 100/70, масло на панел плоча, а парите ќе се донираат за лекување на 34 годишната Дијана Димчевска Наумоска од Тетово.  Вечерва во локалот Двор 21 има хуманитарен концерт, а секоја продадена влезница од 100 денари ќе се донира за Дијана. Овие се дел од многуте хуманитарни активности и акции кои се прават периодов во Тетово со цел да се соберат средства за лекување на Дијана во Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2022 година на Дијана ѝ бил дијагностициран рак на матка, таа се лекувала во Клиниката за онкологија, но поради метастазирање на белите дробови потребно е дополнително лекување во Турција.

Откако се собраа дел од средствата Дијана замина во Истанбул каде испитувањата потврдиле метастази на репродуктивен орган и белите дробови, но не и на други органи.

„Среќна околност е што останатите органи и ткива се не се зафатени и се здрави. И ова се убави вести. Останува да чекаме резултати од патологија, од земените материјали од зафатените делови за да се одреди конечната онколошка терапија. Секое испитување, преглед, консултација со онколог, читање на наоди или издавање на конечни резултати чини многу. Дополнително, најголем дел од средствата ќе требаат за претстојните хемотерапии, затоа Ве молам, секој во рамки на своите можности да помогнеме, да ја спасиме Дијана“, информира Соња Стрезовски, пријателка на Дијана.

Организаторите на ноќен турнир во мал фудбал од Ратае донираа 15 илјади денари. 

Донациите може да се уплатат и на сметка на Дијана 200002512150321 во Стопанска банка АД Скопје. Луѓето од странство пари може да донираат и преку интернет платформата за собирање на донации www.gofundme.com

(https://www.gofundme.com/f/d337z6-support-for-dijana-her-family?utm_campaign=p_cp+share-sheet&utm_medium=social&utm_source=facebook), 

Кутии за собирање на донации се поставени на многу продажни места низ Тетово.

Дијана е сопруга и мајка на две деца на 7 и 9 години. Не може да работи од почетокот на лекувањето.

Сликата од уметникот се продава со почетна цена од 9.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ