сабота, 27 јули 2024

Уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ одбележува 10 години Фотографија и Мултимедија

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба со која се одбележува јубилејот 10 години од воведувањето на предметот Фотографија и одделот Мултимедија. Уметничко училиште, како што наведуваат, со гордост ќе го претстави изборот на најдобри дела создавани изминативе 10 години, а тоа се фотографии, дигитално креирани дела, анимации и видеа.

Објавено на

часот

Сподели

„Средното уметничко училиште следната 2024-та ќе прослави голем јубилеј, 80 години од основањето. Во своето постоење неколку пати сменило наставни планови, а последен пат 2013-та, кога се воведени предметите Видео и звук, Анимација, Медиски форми, Дигитална уметност и Фотографија. За жал, сѐ уште без посебен закон за уметничко образование е третирано како таксативно набројано училиште во системот на образование. 10 години голем труд на нашите професори по овие предмети, Денис Тенев, Ристе Ставревски, Боро Арсовски, Ицко Петрески и Ѓорѓи Томовски.“, наведуваат од училиштето „Лазар Личеноски“.

Автор на илустрацијата употребена во плакат:
Мирјана Спасовска III год, Мултимедија
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ