сабота, 19 октомври 2024
Емирот испратил порака до напаѓачот

Ултиматум од Катар за Мбапе

Објавено на

часот

Сподели

„Светците“ не сакаат да се повтори ситуацијата од мај месец минатата година кога до последен момент не се знаеше дали Килијан Мбапе ќе замине или ќе остане, па до напаѓачот е испратен ултиматум, и тоа од Катар.

Како што пренесува порталот „ПСЖ Комјуните“, емисар близок до Емирот на Катар остварил средба со еден од луѓето кои се грижат за кариерата на Килијан Мбапе.

Пораката била јасна, или Килијан Мбапе ќе стави потпис на нов договор, или ќе биде продаден во текот на летниот трансфер период.

Емирот на Катар има блиски односи со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез па е подготвен да седне на преговори. Се шпекулира дека ќе бидат потребни 200 милиони евра за трансфер на Килијан Мбапе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ