сабота, 27 јули 2024

Улјанов: Финска ќе биде првата жртва во случај на конфликт меѓу Русија и НАТО

Москва не гледа никаква корист за Финска од влезот во НАТО, бидејќи во случај на воена ескалација меѓу Русија и алијансата, таа земја прва ќе страда, изјави постојаниот претставник на Русија при меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов во интервју за РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Уљанов, Москва традиционално на својот сосед гледа како на „неутрална и генерално пријателска земја“ со која има добрососедски односи. Сепак, вели тој, влезот на Финска во НАТО ја охрабри Русија да преземе одредени чекори, а пред се да ги обнови Ленинградскиот и Московскиот воен округ.

„Односно, одмазднички мерки секогаш ќе има. Само не разбирам каква корист има Финска од ова. Живеевме во мир и наеднаш се најдовме меѓу Русија и НАТО, како составен дел од алијансата, но тие се наши соседи и не дај Боже ако дојде до влошување, тогаш прва ќе настрада самата Финска. Тоа навистина не би го сакал, се разбира“, изјави Уљанов.

Дипломатот потсети и дека Соединетите Американски Држави и Финска потпишаа договор за соработка во областа на одбраната, според кој американската армија ќе има пристап до воените објекти на територијата на својот сојузник.

„Ова е веќе сериозен предизвик“, потенцира Уљанов.

Финска стана членка на НАТО на 4 април годинава, а во средината на декември Хелсинки потпиша договор со Вашингтон за зајакнување на одбранбената соработка.

Потоа, амбасадорот на Финска Анти Хелантер беше поканет во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што беше информиран дека Москва нема да го остави неодговорено зголемувањето на воениот потенцијал на алијансата на својата граница, како и дека ќе преземе неопходни мерки за спорните одлуки на Хелсинки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ