сабота, 21 декември 2024
Случаите се пријавени во полиција

Улични кучиња искасаа тројца мажи во Скопје

Тројца скопјани за еден ден пријавиле дека биле искасани од улични кучиња. Според податоците од МВР пријавите се од лица на возраст од 38, 67 и 70 години, а се однесуваат на општините Аеродром, Гази Баба и Шуто Оризари.

Објавено на

часот

Сподели

Првата пријава е поднесена во 09.50 часот во полициската станица Аеродром, од А.Г.(70) од Скопје. Тој пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Втората пријава е поднесена во 15.15 часот во полициската станица Гази Баба, П.К.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Пријава во 17.00 часот добиле и во полициската станица Шуто Оризари. М.Р.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка Буна“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ