сабота, 21 декември 2024
Нема крај на пријавите и настаните со агресивните животни

Улични кучиња искасаа граѓани во Карпош, Гази Баба и Аеродром

Три пријави за граѓани искасани од улични кучиња регистрирани се во Министерството за внатрешни работи. Пријавите се за Скопје, а се однесуваат на Карпош, Гази Баба и Аеродром. Овие настани се секојдневие во полицискиот билтен и никој од надлежните не го реши овој проблем.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 11.25 часот во полициската станица Карпош, А.К.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Илинден“ во Скопје била касната од куче скитник.

Еден час подоцна во полициската станица Гази Баба, М.М.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Пријава има и во полициската станица Аеродром. И.Н.(19) од Скопје пријавил дека на ул. „Бојмија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ