недела, 20 октомври 2024
Никој никако да го реши проблемот со агресивните животни по улиците

Улични кучиња нападнаа и искасаа дете и 80-годишна жена во Скопје, маж во Гостивар, маж и жена во Кичево…

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 13.40 часот во полициската станица Чаир, М.А.(44) од Скопје пријавил дека во близина на основно училиште на подрачјето на Чаир неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Истиот ден во 18.20 часот во полициската станица Чаир, С.Ш.(70) од Скопје пријавила дека во кругот на Градските гробишта Бутел била касната од куче скитник.

Пријави за напади од улични кучиња има и во СВР Тетово, каде З.Б.(51) од Гостивар пријавил дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар бил каснат од куче скитнник.

Во Кочани вчера во 09.45 часот, Е.Х.(33) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, В.И.(52) од Кичево пријавила дека на улицата „11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ