сабота, 25 мај 2024

Улична трка ќе затвори улици во недела во дел од Скопје

Поради одржување на улична трка во недела од 8.30 до 10.30 за сообраќај ќе бидат затворени повеќе улици во Скопје, информираат од СВР Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Посебниот режим ќе се спроведува по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.Илинден–локација Фонтана, ќе се движат по бул.Илинден до крстосницата со ул.Никола Парапунов, потоа до крстосница со бул.Партизански одреди, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.Љубљанска, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.Никола Парапунов и по бул.Илинден до целта на локација Фонтана на бул.Илинден.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ