петок, 25 октомври 2024

Укринформ: Украина зароби 102 руски војници во Курск (ФОТО+ВИДЕО)

Специјалните сили на Службата за безбедност на Украина (СБУ) заробија 102 руски војници во областа Курск, рекол извор од СБУ за националната информативна новинска агенција Укринформ.

.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е најмасовното заробување непријатели што е извршено одеднаш. Се работи за фаќање рашисти во Курск“, прецизирал соговорникот.

Тој додал дека тоа станало можно благодарение на специјалната операција спроведена од војници на групата „А“ од Центарот за специјални операции на СБУ.

Тие го зазеле и го расчистиле пространото, бетонско и добро зајакнато упориште на четата од сите страни – со подземни комуникации и станбени простории за персоналот, трпезарија, оружарница и бања.

На фотографиите и видеата се гледаат затворениците како лежат на тревата или седат со врзани очи.

Според соговорниците на агенцијата, непријателот немал намера да се предаде, имал и повеќе од доволно храна и муниција.

Специјалните сили на Централната служба за безбедност и СБУ заробиле 102 војници на 488-от гардиски моторизиран полк на вооружените сили на Руската Федерација и единицата „Ахмат“.

Фото: социјални мрежи
Фото: социјални мрежи

Според експертите, заробениот руски воен персонал во областа Курск на Руската Федерација, особено офицерите на ФСБ, ГРУ, кадировците и регрутите, ќе станат „вреден фонд за размена за Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ