сабота, 27 јули 2024

Украла од турски државјани детска количка, ранец, документи и пари

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера на бул.Крсте Мисирков во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода А.З.(20) од Куманово. Таа се сомничи дека околу 11.30 часот на ул.„Бит Пазарска“ од Ф.Ј.(44) од Република Турција одзела детска количка со ранец, патни исправи , пари и други предмети. Со А.З. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признала делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

                                                                                                        Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ