сабота, 27 јули 2024

Украл златен ланец и го заложил

Објавено на

часот

Сподели

На улицата „Бојмија“ пријавениот од 61-годишна скопјанка одзел златен ланец што го носела. Н.Н. го признал кривичното дело, а било извршено препознавање од оштетената. Известен бил јавен обвинител. По преземени мерки и извршени проверки констатирано било дека пријавениот златниот ланец го заложил во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, по што ланецот бил одземен и вратен на оштетената. Од страна на судија на претходна постапка на Н.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ