четврток, 6 март 2025

Украл обетки од Тифани и ги проголтал пред полицијата да го уапси (ФОТО)

Крадец во Флорида проголтал украдени обетки од Тифани вредни повеќе од половина милион долари неколку моменти пред полицијата да го приведе.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата во Орландо обвини маж, 32-годишниот Џејтан Гилдер, дека ги лажел вработените во Тифани и Ко. во продавница на Флорида, велејќи им дека претставува „професионален спортист“, поради што вработените му покажале „неколку предмети со висока вредност“.

Гилдер тогаш наводно ги украл обетките и истрчал од продавницата, пренесува Би-би-си.

Кога полицајците го фатиле, забележале како „голта неколку предмети за кои се верува дека се украдени обетки“, соопшти полицијата.

Гилдер наводно се обидел да украде два пара обетки вредни 769.500 долари, како и дијамантски прстен што му паднал додека бегал од продавницата.

Подоцна полицијата објави рендгенска снимка на која се чини дека го покажува неговиот стомак со туѓ предмет внатре.

На прашање на Би-би-си, полицијата не соопшти дали накитот е изваден.

Полицијата изјави дека Гилдер и претходно крадел од Тифани, ограбил продавница во Тексас во 2022 година. За негово апсење има 48 налози и во Колорадо.

Полицијата го обвини Гилдер за кражба на стока во вредност од повеќе од 100.000 долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ