„Руското претседавање со Советот за безбедност на ОН е шлаканица за меѓународната заедница“, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Според него, членките на Советот за безбедност на ОН мора да „спречат секој обид на Русија да го злоупотреби своето претседавање“.
Критиките од Киев, сепак, не ја спречија Москва да го преземе ротирачкото место за претседавање со Советот за безбедност на ОН од Мозамбик.
Во текот на април со Советот за безбедност ќе претседава шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.