петок, 25 октомври 2024
Според Министерството за одбрана

Украинските сили слободно можат да го користат британското оружје во Русија

Министерството за одбрана рече дека политиката на Обединетото Кралство за тоа како Украина го користи подареното оружје „не исклучува операции внатре во Русија“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинските сили ќе можат слободно да го користат оружјето подарено од Британија додека продолжуваат со својот напредок во Русија, сигнализираше Министерството за одбрана.

Украина последниве неколку недели покрена ненадејна контраофанзива против Русија.

Нејзината војска упадна во Курската област, руски регион од другата страна на источната граница на Украина, со очигледна цел да ги пренасочи силите на Москва подалеку од земјата што ја нападнаа, вели британски Индипендент.

Последниот пресврт во конфликтот предизвика загриженост од поширока ескалација на тензиите меѓу Русија и Западот.

Но британското Министерство за одбрана рече дека Украина има „јасно право“ да го користи оружјето донирано од Британија за своја самоодбрана и дека нема промена во политиката откако лабуристите дојдоа на власт.

„Нема промена во политиката на Владата на Обединетото Кралство, според членот 51 од Повелбата на ОН, Украина има јасно право на самоодбрана од нелегалните напади на Русија, што не ги исклучува операциите внатре во Русија“, рече портпаролот на Министерството за одбрана.

„Појаснуваме за време на процесот на подарување дека опремата треба да се користи во согласност со меѓународното право“, додаваат тие.

Ова значи дека противтенковските ракети, артилеријата, оклопните возила и другото оружје донирано од Британија за Украина наскоро би можеле да се видат на бојното поле во Русија.

Сепак, употребата на ракетите сторм шедоу ќе остане само во рамките на границите на Украина.

Даунинг стрит претходно инсистираше дека овие ракети со долг дострел треба да се користат само за конфликтите во самата Украина.

Се чини дека украинските трупи заземаат сѐ повеќе територии во областа Курск во последните денови, додека другите соседни руски држави долж границата со Украина прогласија вонредна состојба.

Се верува дека офанзивата е најголема од ваков вид на странска армија на руска територија од Втората светска војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ