Три лица се префрлени во болница, а две одбиле хоспитализација па лекарска помош им била пружена на лице место. Вработени на руското министерство за вонредни ситуации стигнале на местото на настанот и спроведуваат операција на потрага и спасување.
Со помош на камиони со скали се евакуирани најмалку четири лица, додека уште две се извлечени од под урнатините. Центрите за привремено сместување се спремни за прифаќање на луѓето чии станови се уништени, пишува РИА Новости.
Shebekino, Belgorod region 🤔 pic.twitter.com/BBM3iGCyDm
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) June 14, 2024
Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова соопшти дека членови на нејзината канцеларија, заедно со омбудсманот на Белгородската област, исто така отишле во Шебекино.
„Уште едно злосторство на оружените сили на Украина против цивили во Русија се случи во Шебекино во Белгородската област. Како резултат на ракетен напад од Украина уништена е станбена зграда и загинати се луѓе во неа. Група вработени од мојата канцеларија заминаа на лице место да им пружат помош на жртвите“, истакна таа.
Иако Москалкова спомнува смртно настрадани, во официјалните информации нема наведено загинати во украинскиот напад.