недела, 19 мај 2024

Украинските безбедносни служби разоткриле мрежа на руски агенти што подготвувале атентат на Зеленски

Во мрежата учествувале и двајца полковници на Украинскиот оддел за државна заштита.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Контраразузнавачите и истражителите на Службата за безбедност на Украина (СБУ) ги попречиле плановите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за елиминирање на претседателот на Украина Володимир Зеленски и други претставници на највисокото воено и политичко раководство на земјата, се вели во соопштението на СБУ.

„Плановите биле спроведени од агентурна мрежа, која однапред беше разоткриена од Службата за безбедност на Украина со помош на раководството на Службата за државна безбедност“, се вели во соопштението, пренесува Укринформ.

Како што се додава, во мрежата, чии активности ги надгледувала ФСБ од Москва, имало и двајца полковници на Украинскиот оддел за државна заштита (УДО), кои пренесувале тајни информации до Руската Федерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ