Шмихал за Би-би-си изрази „внимателен оптимизам“’ дека американските пратеници ќе ја усвојат жестоко оспоруваната мерка – 61 милијарда долари наменети за Киев.
Претставничкиот дом би требало да гласа за пакетот оваа сабота. Предлогот вклучува оружје за Израел и Тајван.
Зборувајќи за Би-би-си вчера во Вашингтон, Шмихал за американската безбедносна помош кажа: „Овие пари ни се потребни вчера, не утре, не денес. Ако не се заштитиме, Украина ќе падне. Значи глобалниот систем за безбедност ќе биде уништен. И целиот свет ќе мора да најде нов систем за безбедност. Или ќе има многу конфликти, многу вакви војни. И на крајот тоа може да доведе до трета светска војна“.
Би-би-си наведува дека ова не е првпат Украина да дава такво алармантно предупредување за последиците на својот потенцијален пораз.
Минатата година претседателот Володимир Зеленски кажа дека Русија, ако победи во конфликтот, може да изврши инвазија на Полска, што би предизвикало трета светска војна.
Руските власти ги отфрлаат таквите тврдења како западно заплашување.