вторник, 22 октомври 2024

Украинскиот парламент усвои закон за забрана на верски организации поврзани со Руската православна црква

Парламентот на Украина денес усвои закон за забрана на верски организации поврзани со Руската православна црква, објавија украинските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според тој закон, активностите на Украинската православна црква која ѝ е лојална на Московската патријаршија, можат да бидат сопрени, кажа пратеникот Алексеј Гончаренко.

Одлуката ја поддржале 265 пратеници, додека 29 парламентарци гласале против.

Како што претходно кажа претседавачот на украинското собрание Руслан Стефанчук, според нацрт законот, Руската православна црква ќе биде забранета во Украина.

„Истовремено, украинските верски организации, за кои се сомнева дека соработуваат со Руската православна црква ќе имаат девет месеци да ги прекинат врските со Москва“, порача тој.

Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, е отворен поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина. во септември 2022 тој на руските војници им кажа дека „жртвувањето во вршење на својата воена должност ги пере сите гревови“.

Претходно, на 17 август, Сеукраинскиот совет на цркви и верски организации ја поддржа законодавната иницијатива за забрана на активноста на верските организации поврзани со Руската православна црква.

Ден претходно претседателот на Украина Володимир Зеленски во своја видео порака ги спомна законодавните иницијативи кои ја јакнат, особено „духовната независност“.

Нацрт законот беше изгласан во првото читање во октомври 2023 година. Претходно Зеленски ја легитимизираше одлуката на Советот за национална безбедност, со која им се забранува дејствување на верските организации поврзани со центрите на влијание во Русија.

Украинската православна црква, која е дел од Московската патријаршија, оцени дека наведениот нацрт закон „не е во согласност со Конвенцијата за човекови права и уставот на Украина“.

Полицијата досега отвори околу 70 кривични постапки против претставници на Украинската православна црква.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ