сабота, 27 јули 2024

Украинскиот парламент усвои закон со кој сака да го зголеми бројот на војниците

Украинскиот парламент изгласа закон за регулирање на начинот на регрутирање на граѓаните, по неколкумесечни одложувања и илјадници амандмани, кои беа поднесени за да се ублажи непопуларниот првичен нацрт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот воведува голем број измени со проширување на овластувањата на украинските власти да објавуваат повици за мобилизација со помош на електронски систем.

Парламентот со месеци го одолжуваше донесувањето на законот откако промената ја побарана сменетиот врховен командант на украинските сили Валериј Залужни, кој рече дека украинската војска треба да мобилизира 500.000 мажи за да ги пополни своите редови.

Сегашниот врховен командант на армијата, Олександр Сирски, и украинскиот претседател Володимир Зеленски оттогаш ја намалија таа бројка, велејќи дека толкав број не е потребен бидејќи војниците можат да ротираат од заднината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ