сабота, 27 јули 2024

Украинскиот министер за надворешни работи: Русија потрошила околу 160 милијарди евра за војната во Украина

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го цитираше списанието Форбс дека Русија потрошила околу 167 милијарди долари или околу 157 милијарди евра за војната против Украина во периодот од февруари 2022 година до август 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Со тие пари Москва би можела да изгради речиси 24.000 градинки низ Русија, над 4.500 породилишта, околу 17.000 училишта, 1.300 болници, или да обнови 20 отсто од сите асфалтирани патишта во Русија“, напиша Кулеба на Икс.

Шефот на украинската дипломатија додаде дека „руската агресија против Украина отсекогаш била избор на Кремљ“.

„Путин и другите руски насилници мора да се соочат со правдата за нивните злосторства. Тие мора да излезат од Украина и да се фокусираат на решавање на проблемите на сопствениот народ наместо да носат смрт и уништување на другите народи“, напиша тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ