Изворите наведуваат дека најверојатен кандидат е првиот заменик министер за надворешни работи Андреј Сибиха. Тие исто така додадоа дека може да има нови отпуштања во владата и дека промените нема да влијаат на украинскиот премиер Денис Шмихал, кој ќе остане на функцијата.
Шефот на парламентарната фракција „Слуги на народот“, Давид Аракамија, најави дека оваа недела ќе има „големо ресетирање на владата“, што ќе влијае на повеќе од 50 проценти од членовите на кабинетот. Зеленски вчера го смени заменик-шефот на Кабинетот Ростислав Шурма. Пратеникот Јарослав Железњак рече дека одлуката е донесена поради „очигледна корупција“.
Вицепремиерката на Украина и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук најави оставка. Вицепремиерката за европски и евроатлански интеграции Олга Стефанишина поднесе оставка, а според медиумите би можела да ја преземе функцијата министер за правда.
Оставки поднесоа и министерот за стратешка индустрија на Украина, Олександар Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрилтс и шефот на Фондот за државна сопственост Виталиј Коваљ.