понеделник, 21 октомври 2024

Украински врховен командант: Русите го започнаа главниот напад, ситуацијата е тешка

Врховниот командант на Украина, Олександр Сирски рече дека ситуацијата е „тешка“ поради главната руска офанзива насочена кон источна Украина, но дека се носат сите неопходни одлуки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сирски не ја наведе точната локација на главната руска офанзива, но претходно и тој и претседателот Володимир Зеленски изјавија дека руските сили го гаѓаат стратешки важниот град Покровск.

„Ситуацијата е тешка поради главниот напад на непријателот. Но, сите неопходни одлуки на сите нивоа се носат без одлагање“, објави Сирски на Телеграм.

Сирски минатата недела рече дека поминал неколку дена на источниот фронт во близина на Покровск и ги опиша борбите како „исклучително тешки“. Русија, која зазеде делови од источна Украина од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година, продолжува да напредува во тешки борби.

Напредокот продолжи откако Украина ненадејно ја нападна руската област Курск на 6 август, очигледно со цел да ги пренасочи руските ресурси и да ја зајакне позицијата на Киев во сите идни преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ