сабота, 27 јули 2024

Украински воздухопловни сили: Русија концентрира војници околу Харков

Русија изврши серија воздушни напади врз Украина со крстосувачки ракети, беспилотни летала и балистички ракети, соопштија денеска украинските воздухопловни сили, наведувајќи дека Русија ја зголемува концентрацијата на своите војници во регионот Харков, каде веќе е постигнат значителен напредок во пролетната офанзива.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во Харков, вториот по големина град во Украина, седум лица беа повредени, зградата на општинските служби беше запалена во нападите, изјави регионалниот гувернер Олех Сињегубов. Руски воздушни напади беа пријавени и во Хмелницки и Дњепропетровск, но нема повредени, пренесува Асошиејтед прес.

Шефот на украинската армија, Олександар Сирски, на Фејсбук објави дека Русија носи воени единици во регионот Харков од другите делови на Украина за да ги надополнат силите во двете главни точки на борбите, градовите Вовчанск и Липци. Сирски изјави дека Украина префрлила и резервни војници во областа.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека во нападите во текот на ноќта биле вклучени осум балистички ракети С-300, 11 крстосувачки ракети и 32 беспилотни летала. Сите беспилотни летала се уништени, соборени се и седум крстосувачки ракети, соопштија од украинското воздухопловство, без да наведат други детали.

Украинската воена разузнавачка операција ГУР тврди дека два руски патролни чамци КС-701 биле уништени со беспилотни летала во Црното Море во близина на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.

Од друга страна, Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила осум американски ракети АТАКМС над Азовското Море, кое граничи со Русија и со територијата на Украина што е под контрола на Русија.

Едно лице е повредено во експлозија на беспилотно летало во руската област Белгород, која граничи со Харков и секојдневно е под напад од украинска страна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ